Јоце Панов вчеравечер во Подгорица со својот настап во „Клуб Велвет“ ги кренал Црногорците на нозе, инфомира неговата продукција.
Деновиве Јоце во Црна Гора ги договори следните настапи во најголемите клубови низ целата држава. Промотивната турнеа низ државите од поранешна Југославија го носи слоганот „Ватрени Печати“, а со неа се промовира вториот студиски албум на српско-хрватски јазик.
Официјалната промоција на албумот во Црна Гора ќе се оддржи на почетокот на следниот месец. Во меѓувреме од менаџментот на Јоце Панов известуваат дека пејачот напорно работи на последните детаљи за новите проекти кои наскоро ќе се презентираат пред јавноста.
Пред неколку месеци Јоце Панов изврши хирурчки зафат за да го скрати својот полов орган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


