| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругата на Акис Цохаѕопулос побегна од психијатриска болница

стамати

Вики Стамати, сопруга на поранешниот грчки министер за одбрана Акис Цохаѕопулос, побегнала од затворската психијатрска клиника во Атина, каде што ја издржува казната затвор од 12 години, на која беше осудена во 2013 година поради перење пари.

Според грчката полицијата, таа побегнала од болницата преку скршениот прозорец на нејзината соба.

Стамати е префрлена во болницата од затворската ќелија, откако била подложена на хирушка интервенција, по што имала сериозни проблеми со здравјето. Прво преживеала нервен слом, а подоцна се обидела и да изврши самоубиство, па од затвор била префрлена во психијатриска клиника.

Петпати досега, Стамати има поднесено барање да биде пуштена од затвор поради нејзиното нарушено здравје, но сите жалби биле одбиени од судот.

Сопругот, Акис Цохаѕопулос во 2013 година беше осуден на 20 години затвор за земење поткуп при склучувањето зделки за Министерството за одбрана. Неговиот случај и судењето на неговаа сопруга во Грција и во европската јавност беа означени како најголемиот корупциски скандал во земјата досега.

Тој беше министер за одбрана од 1996 година до 2001 година и во тој период земал мито при набавката на еден руски ракетен систем и купувањето на германски подморници. Вака земените пари биле префрлани на сметки во офшор-банки низ светот.

Акис Цохаѕопулос беше министер и мошне влијателен функционер на тогаш силната грчка партија ПАСОК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top