| четврток, 6 декември 2018 |

Костов: Новите вагони ќе го зголемат обемот во железничкиот сообраќај

МЖ Транспорт очекува дека со набавката на новите товарни и патнички вагони двојно ќе се зголеми обемот во железничкиот сообраќај, за разлика од изминатите години.

Директорот на МЖ Транспорт Никола Костов денеска најави нови деловни линии на релации Тетово – ­ Скопје, Велес – ­ Скопје, Куманово ­ – Скопје, а како што посочи, во преговори се и со железниците од Србија и од Грција за воведување линии од Скопје до Белград и до Солун. ­

– Со сето ова очекуваме да се зголеми динамиката во патничкиот сообраќај. Новите патнички возови мислам дека ќе бидат позитивен сигнал не само за Македонски железници, туку и за целата држава, рече Костов на денешната прес-­конференција на која беше потпишан Колективниот договор за вработените во МЖ Транспорт.

Во однос на товарниот сообраќај, Костов нагласи дека во тек се обновувањата за соработка со македонските компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top