По официјалната презентација на јубилејната серија на моделот „елис“ (Elise), кој слави дваесетгодишнина, британската компанија за производство на спортски и тркачки автомобили „Лотус“ го претстави моделот „егзиџ ес клаб рејсер“ (Exige S Club Racer), кој во однос на основниот модел „егзиџ ес“ е дополнително полесен за 15 килограми.
„Егзиџ ес клаб рејсер“ може да се добие исклучително со фиксен тврд покрив. Вкупната тежина на автомобилот е намалена на 1.161 килограм, што е остварено со користење ултралесни материјали при конструкција на седиштата и на вратите. Дополнително намалување на килограмите е направено при конструкција на акумулаторот.
Овој „болид“ е замислен да биде идеален партнер при слободно спортско возење на затворени патеки. При конструкцијата е вграден нов преден насочувач на воздухот, целосно рамно подвозје и нов заден спојлер, што сѐ заедно при брзина од 161 километар на час произведува дополнителни 42 килограми сила на потисок.
Измени за моторот под проѕирниот капак не се предвидени, па така „егзиџ ес клаб рејсер“ ќе го придвижува централно сместен 3,5-литарски бензински мотор со шест цилиндри, кој со асистенција на механички компресор испорачува 350 коњски сили при 7.000 вртежи во минута. Вредноста на најголемиот вртежен момент изнесува 400 њутн-метри и се добива при 4.500 вртежи во минута. Преносот на силата на задната оска се врши преку шестостепен мануелен менувач. Автомобилот за четири секунди развива брзина од 0 до 100 километри на час, а максималната брзина му изнесува 274 километри на час.
Во однос на основниот модел „егзиџ ес“, „клаб рејсер“ е поскап за 3.300 евра и неговата продажна цена изнесува малку помалку од 80.000 евра. Во „Лотус“ нагласуваат дека, сепак, разликата во цена е помала бидејќи вкупната стандардна опрема вградена во новиот модел изнесува 6.300 евра.
Автомобилот ќе се нуди само во две бои, бела и портокалова, а во двата случаја вклучува покрив што е обоен со црна матирана боја.
„Егзиџ ес“ со додавката „клаб рејсер“ првпат е понуден на пазарот уште во 2007 година, но тогаш за погон е користен значително послаб мотор со четири цилиндра и се изработени само 25 примероци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст