| четврток, 6 декември 2018 |

Грчко МНР: Следната недела средба Коѕиас-Попоски

Nikola-Poposki-int99-740x320-top

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас следната недела во Будимпешта ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, на маргините на состанокот за енергетска безбедност во Централна и на Југоисточна Европа.

Како што соопшти грчкото Министерство за надворешни работи, Коѕиас в понеделник ќе замине во Будимпешта, а во вторник ќе има одвоени средби со премиерот на Унгарија Виктор Орбан, министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, на Македонија, Никола Попоски, и со министерот за европски прашања на Турција, Волкан Бозкир.

Шефот на македонската дипломатија Попоски минатиот месец се сретна со неговиот грчки колега, на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, во Рига.

Македонското Министерство за надворешни работи за средбата во Рига соопшти дека со Коѕиас биле разменети првични оцени за билатералните односи и ефектите од блокадите во интеграцијата на Република Македонија.

Исто така, била укажана подготвеност за соработка на сите полиња и неопходност од отворен дијалог за наметнатото прашање, во согласност со меѓународното право, преземените обврски и почитување на основните човекови, но и демократските права на секоја суверена држава.

– Политиката на изговори, уцени и држење во заложништво не ги одразува вредностите зад кои стои Европа – констатираше Попоски во Рига минатиот месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top