Една жена е повредена на вечерашниот митинг на Елвис Бајрам во Шуто Оризари, јави „Прес 24“.
Повредената,со повреди на главата, итно е пренесена во Градската болница, каде што ѝ е укажана медицинска помош.
Според полициски извори, причина за несреќата е силниот ветер поради кој на главата на повредената паднал телевизор.
Вечерва во Шутка на митингот на актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат се очекуваше настапот на српската фолк-ѕвезда Сека Алексиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


