| четврток, 6 декември 2018 |

Два дела споени во волшебна убавина – Будимпешта

Трг­не­те од цен­та­рот, а по­тоа ски­тај­те по гран­ди­оз­ни­те бу­ле­ва­ри и оду­ше­ву­вај­те ѝ се на пре­крас­на­та ар­хи­те­кту­ра, ко­ја е по­тсет­ник на не­ко­гаш­но­то царс­тво Ав­стро­ун­га­ри­ја. Ка­ра­кте­ри­сти­ка на овој град е и жол­ти­от трам­вај, осо­бе­но ли­ни­ја­та број 2, ко­ја од Пар­ла­мен­тот до цен­та­рот на Пе­шта ќе ве од­ве­де по­крај са­ми­от брег на Ду­нав и не­го­ви­те мо­сто­ви, ка­де што ќе мо­же да ужи­ва­те во уба­ви­ни­те на Бу­дим, до­де­ка да стиг­не­те до дру­ги­от дел

Бу­дим и Пе­шта, два гра­да, спо­е­ни во ед­на це­ли­на. Еден на рид, друг во ни­зи­на, соз­да­ва­ат вол­шеб­на уба­ви­на на два­та бре­га на си­ни­от Ду­нав. Бу­дим­пе­шта е град со ши­ро­ки бу­ле­ва­ри, пре­крас­ни ули­ци и со зе­ле­ни пар­ко­ви, со што по­тсе­ту­ва де­ка не­ко­гаш бил дел од моќ­но­то царс­тво Ав­стро­ун­га­ри­ја. Неј­зи­на­та ма­ги­ја ле­жи во бо­га­та­та исто­ри­ја и во кул­тур­ни­те вли­ја­ни­ја што ги пре­тр­пе­ла.

На­ки­те­на за Бо­жик, раз­и­гра­на за Но­ва го­ди­на, расц­ве­та­на в про­лет, де­фи­ни­тив­но вре­ди да се по­се­ти во се­кое вре­ме од го­ди­на­та.

Budapest-134-2

Авто­бу­ски или ави­он­ски пре­воз до ун­гар­ска­та уба­ви­ца?

Мал­ку од ави­о­ком­па­ни­и­те во Ма­ке­до­ни­ја ну­дат ди­рект­ни ле­то­ви од Скоп­је за Бу­дим­пе­шта. Тие што вклу­чу­ва­ат ди­ре­ктен лет, ре­ал­но има­ат по­ви­со­ки це­ни на би­ле­ти­те, нај­е­вти­ни­от би­лет из­не­су­ва око­лу 230 евра, па за­тоа има­те на рас­по­ла­га­ње уште не­кол­ку ва­ри­јан­ти.

Со ог­лед на тоа што Бу­дим­пе­шта не е прем­но­гу да­ле­ку, мо­же да се ре­ши­те и за авто­бу­ски пре­воз, кој во слу­ча­јов е по­исп­лат­лив из­бор. Мно­гу ту­ри­стич­ки аген­ции ну­дат аранж­ма­ни во кои се вклу­че­ни авто­бу­ски пре­воз, хо­тел­ско сме­сту­ва­ње и ор­га­ни­зи­ра­но разг­ле­ду­ва­ње со ло­ка­лен во­дич од 95 евра, па на­го­ре. Це­на­та е про­мен­ли­ва, во за­вис­ност од бро­јот на но­ќе­ва­ња­та и од про­гра­ма­та.

Ако, се­пак, из­бе­ре­те да па­ту­ва­те со ави­он, отка­ко ќе сле­та­те на ае­ро­дро­мот во Бу­дим­пе­шта, има­те не­кол­ку оп­ции за да при­стиг­не­те до цен­та­рот или до по­са­ку­ва­на­та де­сти­на­ци­ја. На­је­втин на­чин да стиг­не­те до гра­дот е јав­ни­от пре­воз. За ва­ков транс­порт мо­же да ги иско­ри­сти­те град­ски­те авто­бу­си или ме­тро­то, чи­и­што би­ле­ти чи­нат по ед­но евро.

Во ун­гар­ска­та ме­тро­по­ла има мож­ност за по­е­вти­но сме­сту­ва­ње, осо­бе­но во не­кој од хо­сте­ли­те што ќе ги нај­де­те на ин­тер­нет или пре­ку ту­ри­стич­ки­те аген­ции. На­је­вти­ни­те хо­сте­ли во Бу­дим­пе­шта ги ну­дат сво­и­те ус­лу­ги од пет евра по ли­це, па на­го­ре.

Освен со град­ски­от пре­воз, ма­ги­ја­та на овој град нај­до­бро ќе ја до­жи­ве­е­те пеш. Гра­дот е со­вр­шен за ше­та­ње пеш, па за­тоа трг­не­те од цен­та­рот, а по­тоа ски­тај­те по гран­ди­оз­ни­те бу­ле­ва­ри и оду­ше­ву­вај­те ѝ се на пре­крас­на­та ар­хи­те­кту­ра.

Budapest-134-3

Тер­мал­ни ба­њи за от­пу­шта­ње, ноќ­ни клу­бо­ви за од­лич­на за­ба­ва

Во цен­та­рот на гра­дот се на­о­ѓа­ат два важ­ни му­зе­ја, Ун­гар­ски­от на­ци­о­на­лен му­зеј и Ме­мо­ри­јал­ни­от цен­тар на хо­ло­ка­у­стот. Ули­ца­та Ва­ци ва­жи за глав­на ули­ца за па­за­ре­ње во Бу­дим­пе­шта. Ожи­ве­а­ла вед­наш по про­ме­на­та на по­ли­тич­ки­от ре­жим во 1989 го­ди­на и от­то­гаш е ме­сто ка­де што мо­жат да се нај­дат мно­гу ре­но­ми­ра­ни до­маш­ни и стран­ски мар­ки. От­та­му, мо­же да се дви­жи­те на ше­та­ли­ште­то по­крај Ду­нав за да стиг­не­те на пло­шта­дот Ко­сут. Ту­ка се на­о­ѓа Пар­ла­мен­тот, еден од сим­бо­ли­те на Бу­дим­пе­шта, а во бли­зи­на е Се­че­ни­о­ви­от син­џи­рест мост. Иде­ја­та за гра­де­ње на овој мост, кој ќе ги по­вр­зу­ва Бу­дим и Пе­шта, ја спро­вел и ја фи­нан­си­рал ун­гар­ски­от ре­фор­ма­тор, гро­фот Иш­тван Се­че­ни.

По мо­стот ќе стиг­не­те кај ве­ли­ченс­тве­ни­от за­мок Бу­дим, исто­ри­ски комп­лекс и крал­ска па­ла­та во кој би­ле сме­сте­ни ун­гар­ски­те кра­ле­ви. Про­ше­тка или са­мо пог­лед од дру­га­та стра­на на Ду­нав кон оваа па­ла­та, осо­бе­но ноќ­но вре­ме, за­се­ко­гаш ќе ви оста­нат вре­жа­ни во се­ќа­ва­ња­та.

Ка­ра­кте­ри­сти­ка на овој град е и жол­ти­от трам­вај, осо­бе­но ли­ни­ја­та број 2, ко­ја од Пар­ла­мен­тот до цен­та­рот на Пе­шта ќе ве од­ве­де по­крај са­ми­от брег на Ду­нав и не­го­ви­те мо­сто­ви, ка­де што ќе мо­же да ужи­ва­те во уба­ви­ни­те на Бу­дим, до­де­ка да стиг­не­те до дру­ги­от дел.

Budapest-134-4

Во Пе­шта се на­о­ѓа­ат и мно­гу­број­ни ре­ли­ги­ски хра­мо­ви, но и кул­тур­ни ин­сти­ту­ции ка­ко му­зеи и опе­ри. Во овој дел се из­диг­ну­ва ба­зи­ли­ка­та „Све­ти Сте­фан“ (Szent István), ко­ја се гле­да од си­те кра­е­ви на гра­дот и е по­све­те­на на пр­ви­от ун­гар­ски крал Иш­тван I. Не­кол­ку ули­ци по­до­лу, ќе има­те мож­ност да ја пог­лед­не­те нај­го­ле­ма­та си­на­го­га во Евро­па во ко­ја се на­о­ѓа Евреј­ски­от му­зеј и Пло­шта­дот на хе­ро­и­те, ме­сто из­гра­де­но во чест на 1.000 го­ди­ни од по­сто­е­ње на ун­гар­ска­та др­жа­ва.

Бу­дим­пе­шта е поз­на­та и по сво­и­те рас­кош­ни тер­мал­ни ба­њи, кои тре­ба да ги по­се­ти­те до­кол­ку са­ка­те це­лос­но ужи­ва­ње и ре­ла­кса­ци­ја. Но, ако не са­ка­те мир и от­пу­шта­ње, се­ко­гаш ги има­те на рас­по­ла­га­ње мно­гу­број­ни­те клу­бо­ви и ди­ско­те­ки. Оваа ме­тро­по­ла е поз­на­та по од­лич­на­та за­ба­ва и но­ќен жи­вот.

За крај, не про­пу­штај­те ја мож­но­ста да про­ба­те од про­чу­е­ни­от ун­гар­ски гу­лаш во не­кој од ре­сто­ра­ни­те, со ча­ша до­бро ви­но.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top