| четврток, 6 декември 2018 |

Белгиски политичар пронајден мртов во канал

­ Белгискиот политичар Стеве Стеверт (60) е пронајден мртов во еден канал, само неколку часа откако беше објавено дека тој е и формално обвинет за силување.

Стеверт е поранешен лидер на фламанската Социјалдемократска партија, а претходно бил градоначалник на градот Хаселт и гувернер на провинцијата. Белгиските медиуми тврдат дека Стеверт извршил самоубиство фрлајќи се во длабокиот канал затоа што кај него е пронајдено проштално писмо.

Мртвото тело на политичарот било пронајдено во каналот, до градот каде што едно време бил градоначалник. Полицијата потврди дека покрај каналот бил оставен и неговиот велосипед.

Случајот со силувањето се појави уште во 2010 година, но жената која го покрена обвинувањето за тоа не зборувала сѐ до 2013 година.

Обвинителството на Белгија го обвини Стеверт за силување и за сексуално насилство, но тој од почетокот на целиот случај категорично демантирал дека сторил кривично дело, инсистирајќи дека за ништо не е виновен.

Тој признавал дека имал сексуална врска со жената, но демантираше дека станува збор за силување.

Стеве Стеверт се запознал со жената по една телевизиска емисија во која учествувале двајцата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top