| четврток, 6 декември 2018 |

Али Ахмети порача: Кичево им припаѓа на сите што живеат во него

ahmeti-685x320

ДУИ вечерва на централениот предизборен митинг во Кичево ги претстави кандидатот за градоначалник Фатмир Дехари и советничката листа.

– Ова е посебен ден за Кичево. Овој град им припаѓа на сите кои живеат во него, Албанци, Македонци, Турци, Роми и останати. Деновиве гледам на некои портали некој сака да ги заплаши Македонците со мои слики пред 12 години, но тоа е минато. Ние сега имаме друга реалност, го имаме Рамковниот договор кој е со меѓународна поддршка. Ние денеска сите заедно гледаме кон иднината, го бараме гласот од сите граѓани без оглед на нивната етничка и верска припадност бидејќи гласот е свето нешто на граѓанинот, рече лидерот на ДУИ.

Тој ги повика граѓаните мирно и достоинствено да излезат на гласање и да и дадат поддршка на ДУИ зашто оваа партија, како шо нагласи, гледа кон иднината и просперитетот.

– Граѓаните на Кичево гледаат во иднината без оглед на нивната етничка припадност. Ќе продолжиме да го негуваме соживотот, ќе создадеме подобри услови за сите, ќе овозможиме отворање нови работни места, чист и уреден град, достоинствен живот за сите, најави кандидатот за градоначалник Дехари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top