Општина Новаци најави изградба на фабрика за преработка на стари автомобилски гуми, која ќе биде лоцирана во мариовското село Брод.
Од секторот за односи со јавност информираат дека за потребите на овој инвестициски проект е изработена студија за оцена на влијанието врз животната средина од новата фабрика.
– Целта беше да се е идентификуваат евентуалните последици од проектот врз животната средина пред да биде издадено решението за градење на објектот и за да можат да се отстранат или ублажат негативните биофизички, социјални, здравствени и други ефекти. За изградбата на фабриката посебно го информиравме локалното население – велат од општината.
Изработувач на стратегиската оценка е Илија Кондински, овластен стручњак за оцена на влијанието на проектот врз животната средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.