| четврток, 6 декември 2018 |

Дознајте дали вашиот партнер има сериозни намери

00040818

Постојат некои изненадувачки знаци, кои укажуваат дека вашиот партнер не е подготвен за сериозна  врска.

Обично сите делуваат на ист начин, што значи дека лесно можете да разберете, кога е подготвен за брак и кога не.

Во почетокот сите мажи изгледаат слатки и симпатични, но кој може да претпостави како ќе се одвиваат работите во иднина.

Затоа девојки вадете го радарот за мажи и дознајте ги тајните индиции кои покажуваат дека мажот има скриена фобија од сериозна врска.

Ако прави три или повеќе нешта од овие, подобро внимавајте:

1. Сите бивши му се „откачени“

Бидете претпазливи со човек, кој поранешните девојки ги нарекува луда, психопатка или здодевна или ги става сите жени под заеднички именител.

2. Планира премногу романтични средби

Романтична вечера на свеќи, на интимно место, звучи одлично, но не и ако постојан се случува. Во спротивно, тоа би можело да значи дека тој не сака други жени да го гледаат со вас. Следниот пат понудете му го најпопуларниот бар во градот и да видите како ќе реагира.

o-TEXTING-facebook

3. Ем топол, ем ладен по телефон

Добивате 10 пораки за една ноќ и потоа не го слушате со денови. Разговара со вас по телефон еден час, а потоа ги игнорира вашите повици цела недела. Ако се прашувате што се случува, ние ќе ви кажеме: тој најверојатно се среќава со други жени.

4. Неговите пријатели ве одбегнуваат

Може и да не сте многу блиски, но кога ќе се сретнете со негов пријател, тој не ви поставува многу лични прашања. Грдата вистина е дека пријателот не сака да вложува време и напор за вас. Зошто да се зближува со вас, кога вие нема уште долго да бидете актуелни.

5. Ви кажува дека вие сте неговата сродна душа

Идејата за љубов на прв поглед звучи како во филм, но ако ви каже дека ве сака во првите неколку недели од вашата врска, тој едноставно е навикнат да зборува така.

slideshow-5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top