Не морате да купувате скапи пасти за заби за да ги избелите, сојузникот побарајте го во природата. Ви откриваме неколку билки и плодови што ги избелуваат забите.
Лавров лист
Лаворот дејствува антибактериски и го освежува здивот, но може да ги отстрани и жолтите дамки од забите. Свеж лист од лавор ставете во сад и додајте малку сок од цитрус, портокал, лимон или лимета, во зависност од тоа што имате на располагање. Добро гмечете ги состојките сè додека не станат една смеса. Со смесата четкајте ги забите секој трет ден.
Јагоди
Киселината од јагодата може да ги острани жолтите дамки од забите. Во мал сад истолчете јагоди и смесата нанесете ја на четка за заби. И со оваа смеса четкајте ги забите секој трет ден.
Куркума
Овој индиски зачин е идеален за отстранување на дамките од забите, но и за убивање на бактериите во усната шуплина. Земете една мала лажичка куркума во прав, потоа додајте неколку капки млака вода и мешајте додека не добиете паста. Со смесата убаво исчеткајте ги забите, а потоа и убаво исплакнете ја устата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст