Казни за операторите кои нема да имаат мобилен интернет од најмалку два мегабити во секунда на територијата на целата држава, како и санкции за проблеми со мрежата. Во процедура е измена на Правилникот за квалитет на мрежата со кои се заоструваат барањата на Агенцијата за електронски комуникации кои треба да ги исполнат операторите. Според директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Ордановски, веќе е одржан состанок со одговорните од трите мобилни оператори каде што биле презентирани барањата.
-На одговорните лица од трите мобилни оператори им ги презентиравме нашите мерења, кои можат да се погледнат и на нашиот веб-сајт и воопшто не сме задоволни од квалитетот на мрежите на сите мобилни оператори. Затоа започнавме со измена на Правилникот за квалитет на мрежи. Нашето барање до операторите ќе биде секаде низ целата територија на државата да има минимум два мегабити во секунда мобилен интернет – изјави Ордановски на вчерашната прес-конференција.
Тој објасни дека тоа што корисници на мобилен интернет го имаат како искуство е дека можат да ги користат услугите на мобилен интернет во градовите, но не можат да ги користат надвор од градовите.
– Затоа со новиот Правилник ќе им наметнеме на операторите на сите главни патишта магистални и регионални да имаат мобилен интернет, од најмалку трета генерација на мобилен интернет. А нашите стручни тимови веќе почнаа да работат на новиот Правилник – додава тој.
Директорот на Агенцијата за електронски комуникации исто така потенцираше дека постојано има поплаки за квалитетот на мрежата, а и самиот потенцираше дека се соочува со такви проблеми.
–Очекуваме со засилувањето на критериумите, некако да ги натераме операторите да си ги подобрат своите мрежи. Тажно е кога мораме со Правилник да ги тераме операторите да си ја работат нивната примарна работа, затоа што поплаки не само за квалитет, туку за секакво кршење на правата на корисниците, по неколку илјади приговори, јавувања, целиот тој голем процес никако да се намали, потенцираше Ордановски.
Тој потенцираше дека екипите на агенцијата постојано решаваат приговори, и на крајот на денот санкциите се единствено нешто кое можат да го направат за операторите посериозно си ја сфатат работата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст