Иран и претставниците на меѓународната „шесторка“ на денешните преговори во Лозана постигнаа согласност за клучните точки од ракмовниот договор за иранската нуклеарна програма, соопшти вечерва германското Министерство за надворешни работи.
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека е постигнат историски договор во врска со иранскиот нуклеарен договор. Тој рече дека договорот не е заснован на доверба, туку на „потврда без преседан“. Тој ова го нарече „засега најдобрата зделка“.
– Санкциите сами по себе не можеа да ја запрат иранската нуклеарна програма, но тие помогнаа Иран да се донесе на преговарачката маса – рече Обама.
Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф изјави дека се најдени решенија за спорните прашања со шесте светски сили за иранската нуклеарна програма.
– Најдени се решенија, подготвени сме да почнеме веднаш со работа за нацрт договор- напиша Зариф на Твитер по осум дена преговори во Лозана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент