Вонредна превентивна дератизација против туларемија почна да се спроведува од денеска во Неготино, во во рамките на Програмата за комунални дејности и уредување на градежното земјиште на просторот на неготинската општина, а во согласност со заклучоците на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.
– Со дератизацијата ќе бидат опфатени околу 900 ревизиони шахти и подземниот канализациски систем со ревизионите и прифатните шахти во градот и населените места на ризични места-жаришта, каде постои можност од присуство на глодари-информираше Бранко Вељанов, раководител на Одделението за комунални дејности при неготинската локална самоуправа.
Тој соопшти дека со оваа активност ќе бидат опфатени и пропишаните заштитни зони околу каптажите и резервоарите кои служат за снабдување со вода на населението, ќе се чистат заштитните зони околу изворните подрачја со цел заштита од контаминација од глодари, а превентивна систематска дератизација ќе се изврши и на јавно прометните површини и зеленилото, како и на депонијата Бучето.
– Јавните установи од општината, исто така, треба да извршат превентивна дератизација во сопствените простории. Вонредната превентивна дератизација на подрачјето на општина Неготино ја вршат стручни лица од Центарот за јавно здравје од Велес и во целост би требало да биде реализирана во рок од три до четири дена- рече Вељанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



