Министерот за земјоделство, шумарство и водостовпанство, Михаил Цветков на денешната средба со преработувачи и производители на земјоделски производи, организирана од Македонската асоцијација на преработувачи во Струмица, информираше дека е завршена проценката на штетите предизвикани од поплавите од крајот на февруари годинава
– Владината Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди ги собра извештаите од општинските комисии и можам да кажам дека вкупните штети изнесуваат околу 25 милиони евра, од кои 13,5 милиони евра или 60 процетни се штети на земјоделските посеви, а 4 до 5 милиони се на системите за наводнување и каналите заодводнување. Извештајот за штетите е во согласност со нормативите на Европската Унија и Светска Банка .Идната недела владина делегација ќе го презентира во Брисел и се надеваме на помош – рече Цветков.
Тој нагласи дека во рамки на ИПАРД програмата,земјоделците од поплавените подрачја, со помош на ресорното минситерство, можат да аплицираат со свои проекти со 25 процентно учество, а 75 проценти ќе бидат покриени од ИПАРД. министерството ќе им помогне
– Ние како министерство побаравме помош и од Светската организација за храна, ФАО, од каде очекуваме помош во сточна храна, семенски материјали, минерални ѓубрива за оштетените земјоделски стопанства – изјави Цветков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.