| четврток, 6 декември 2018 |

Данска брачна двојка спасена од водите на Преспанско Езеро

преспа

Еден и пол час му беа потребни на рибарот Абди Селимовски вчера во попладневните часови од разбеснетите води на Преспанско Езеро да ја спаси брачната двојка од Данска – 59-годишниот Ромет Бучер и неговата 60-годишна сопруга Анке Распрајт.

Околу 18 часот на Селимовски телефонски му се јавил концесионерот на  езерото Науме Ставревски, кој го известил дека во водите има чамец во кој се наоѓаат двајца туристи на кои животот им е во опасност.

Салиевски веднаш тргнал кон чамецот, но кога се доближил на околу педесетина метри, тој од силниот ветер и бранови го смени правецот и бил носен кон средината на езерото. Кога стигнал до него, успеал да го врзе чамецот за својот чамец и да стигнат на брегот.

Брачната двојка од Данска имала искуство со води, но тоа не било доволно за да се справи со големите бранови и со ветерот.

– Сакавме да уживаме во убавините на ова езерото. Со мојот сопруг, и покрај укажувањата на сопствениците да не влегуваме, се фативме за веслата. Не очекувавме дека ветерот ќе стане толку силен. Не можевме да се справиме со големите бранови, па легнавме во чамецот и се препуштивме на судбината. За среќа, се појави Абди кој со своето знаење и храброст ни го спаси животот. Цел живот ќе му бидеме благодарни. Кога би имало повеќе вакви луѓе – вели Анке.

 Данската брачна двојка втора година доаѓа на одмор во Отешево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top