| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов: Целта на опозицијата е да испровоцира меѓунационална или меѓуграѓанска војна

braniteli-na-makedonija-3
Крајната цел на објавите од опозицијата е да се испровоцира меѓунационална или меѓуграѓанска војна како таа од 2001 – смета аналитичарот Александар Пандов. Тој за време на неговото гостување во вестите на Канал 5, посочи дека целта е повторување на 2001 година и создавање техничка или експертска влада.

Пандов смета дека се е идентично како во 2001 година, потенцирајќи дека е исто и сценариото и актерите.

– Која е целта на сево ова, кој го направил сево ова, што е потребата од сево ова. Се сеќавате дека во 2001 година сето ова и актерите беа исти се е идентично. И како заврши таа 2001 година, изгинаа 80 Македонци, изгинаа за џабе за некој да направи експертска влада, да влезат и во 2002 година да ја освојат власта. Токму тоа се случи, и тоа повторно е исто сега, го имаме истото сценарио со сериозна медиумска поддршка од СОРОС, којшто во оваа сецнарио сега, оваа година, гледаме дека и финансиски, змислите човек којшто работи во таа управа каде што се се вршело прислушкувањето, платиле 200 илјади евра, и зошто го платиле тоа, потенциреше Пандов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top