| четврток, 6 декември 2018 |

За да урнете власт, не соработувајте со странци и не заговарајте насилства

Ма­ке­до­ни­ја, за раз­ли­ка од Ср­би­ја, Укра­и­на, Еги­пет... е ед­на од зем­ји­те ка­де што те­о­ри­ја­та на Џин Шарп не­ма ус­пеш­на ре­а­ли­за­ци­ја на те­рен, пред сѐ, по­ра­ди ло­шо исп­ла­ни­ра­но­то сце­на­рио на стран­ски­те аген­ту­ри и по­ра­ди не­ма­ње­то ми­ни­мум ка­па­ци­тет кај опо­зи­ци­ско­то ра­ко­водс­тво, вклу­чу­вај­ќи ги и Со­ро­со­ви­те ин­ста­ла­ции да го спро­ве­дат пла­нот што им е сер­ви­ран на тац­на, во кој пре­циз­но се оз­на­че­ни це­ли­те кон кои тре­ба да дејс­тву­ва­ат

Де­ло­то на Џин Шарп со нас­лов „Од ди­кта­ту­ра до де­мо­кра­ти­ја“, из­вор­но об­ја­ве­но во да­леч­на­та 1993 го­ди­на, а кое до се­га има­ло че­ти­ри ре­из­да­ни­ја, е еден од „учеб­ни­ци­те“ за спро­ве­ду­ва­ње ре­во­лу­ции, кои Со­рос и За­ев ги ко­ри­стат за еду­ци­ра­ње на чле­но­ви­те от­по­рот, кои ја во­дат спе­ци­јал­на­та вој­на про­тив Ма­ке­до­ни­ја за­ед­но со стран­ска­та по­мош.

„Во­ди­чот за во­ста­ни­ја“ на Шарп е (зло)упо­тре­бен во по­ве­ќе зем­ји при ури­ва­ње на вла­сти­те што не се по ме­рак на Џорџ Со­рос и на цен­три­те на моќ со кои со­ра­бо­ту­ва. Кни­га­та во Ма­ке­до­ни­ја бе­ше про­мо­ви­ра­на ми­на­та­та го­ди­на, од кој друг ако не од Фон­да­ци­ја­та Отво­ре­но оп­штес­тво, ко­ја не­се­бич­но ѝ по­да­ри на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја но­ва „На­деж“ во бор­ба­та за не­де­мо­крат­ско пре­зе­ма­ње на вла­ста. Авто­рот на кни­га­та, кој ги не­ги­ра твр­де­ња­та за не­го­ви­те бли­ски вр­ски со ЦИА, во пред­го­во­рот на сво­е­то де­ло об­јас­ну­ва де­ка не­го­во­то „истра­жу­ва­ње за тоа ка­ко мо­же да се уни­шти ди­кта­ту­ра­та ќе им би­де од ко­рист на лу­ѓе­то од це­ли­от свет што жи­ве­ат под до­ми­на­ци­ја и коп­не­ат по сло­бо­да“. Шарп, мо­же­би, искре­но го по­све­тил сво­е­то истра­жу­ва­ње за тие што коп­не­ат за сло­бо­да, но Со­рос и не­го­ви­те след­бе­ни­ци, ме­ѓу ре­до­ви, про­чи­та­ле де­ка освен ди­кта­ту­ри, не­го­ви­те со­ве­ти мо­жат да се иско­ри­стат при со­бо­ру­ва­ње на не­пос­луш­ни­те де­мо­крат­ски из­бра­ни вла­сти, кои не при­фа­ќа­ат еко­ном­ски и по­ли­тич­ки от­стап­ки за ту­ѓи ин­те­ре­си. Со­др­жи­на­та на кни­га­та е со нес­пор­на моќ и со до­ка­жа­на ефи­кас­ност при ор­га­ни­зи­ра­ње­то на „обо­е­ни­те ре­во­лу­ции“ во по­ве­ќе источ­но­е­вроп­ски, бал­кан­ски, афри­кан­ски и јуж­но­а­ме­ри­кан­ски др­жа­ви во из­ми­на­ти­те две де­це­нии (Ср­би­ја, Укра­и­на, Ли­би­ја, Ту­нис, Еги­пет, Ар­ген­ти­на, Бра­зил…). Во неа пре­циз­но се раз­ра­бо­те­ни че­ко­ри­те по кои тре­ба да се во­ди пет­та­та ко­ло­на за да го до­бие по­са­ку­ва­ни­от ис­ход – со­бо­ру­ва­ње на вла­ста:

Че­кор 1: Про­мо­ви­ра­ње не­за­до­волс­тво пре­ку ме­ди­у­ми­те, наг­ла­су­вај­ќи де­ка др­жа­ва­та не­ма па­ри, има не­ста­бил­на еко­но­ми­ја и нес­по­соб­ни и ко­рум­пи­ра­ни по­ли­ти­ча­ри.
Че­кор 2: Де­мо­ни­зи­ра­ње на вла­сти­те пре­ку ма­ни­пу­ла­ци­ја на пре­дра­су­ди, одр­жу­ва­ње јав­ни ак­ции во од­бра­на на сло­бо­да­та на пе­ча­тот, чо­ве­ко­ви­те пра­ва и гра­ѓан­ски­те сло­бо­ди, осу­ду­вај­ќи то­та­ли­та­ри­зам, ре­ви­ди­ра­ње на исто­ри­ја­та во пол­за на си­ли­те што мо­ра да се до­не­сат на власт.
Че­кор 3: Ра­бо­та на ули­ца: ка­на­ли­зи­ра­ње конф­ли­кти, про­мо­ви­ра­ње мо­би­ли­за­ци­ја на опо­зи­ци­ја­та, раз­вој на бор­бе­ни пла­тфор­ми, кои ги оп­фа­ќа­ат си­те по­ли­тич­ки и со­ци­јал­ни ба­ра­ња, со­ста­ву­ва­ње на си­те ви­до­ви про­те­сти, со го­ле­ма ве­шти­на игра­ње на гре­шки на др­жа­ва­та, ор­га­ни­зи­ра­ње де­мон­стра­ции со цел да се бло­ки­ра­ат и за­зе­мат др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции за ра­ди­ка­ли­за­ци­ја на су­ди­ри­те.
Че­кор 4: Ком­би­ни­ра­ње на раз­лич­ни фор­ми на бор­ба: ор­га­ни­зи­ра­ње про­те­сти и сим­бо­лич­но оку­пи­ра­ње на др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции, пси­хо­ло­шка вој­на во ме­ди­у­ми­те и про­мо­ци­ја на су­ди­ри­те со по­ли­ци­ја­та за да се соз­да­де впе­ча­ток де­ка си­ту­а­ци­ја­та е над­вор од кон­тро­ла, на­ма­лу­ва­ње на мо­ра­лот на ле­ги­тим­на­та из­врш­на и суд­ска власт.
Че­кор 5: Из­вр­шу­ва­ње ин­сти­ту­ци­о­на­лен пуч со по­мош на улич­ни про­те­сти, ба­рај­ќи оста­вка на пре­ми­е­рот.

 

По исто­то ова сце­на­рио, кое лес­но мо­же да го пре­поз­на­е­ме и кај нас, опо­зи­ци­ја­та, по­мог­на­та од стран­ски служ­би и од мре­жа­та на Со­рос, се оби­ду­ва да ја со­бо­ри од власт пре­тсе­да­тел­ка­та на Бра­зил.

Ма­ке­до­ни­ја, за раз­ли­ка од Ср­би­ја, Укра­и­на, Еги­пет… е ед­на од зем­ји­те во ко­ја те­о­ри­ја­та на Шарп не се ре­а­ли­зи­ра ус­пеш­но на те­рен, пред сѐ, по­ра­ди ло­шо исп­ла­ни­ра­но­то сце­на­рио на стран­ски­те аген­ту­ри и по­ра­ди не­ма­ње­то ми­ни­мум ка­па­ци­тет кај опо­зи­ци­ско­то ра­ко­водс­тво, вклу­чу­вај­ќи ги и Со­ро­со­ви­те ин­ста­ла­ции да го спро­ве­дат пла­нот што им е сер­ви­ран на тац­на и во кој пре­циз­но се оз­на­че­ни це­ли­те кон кои тре­ба да дејс­тву­ва­ат.

analiza134-1-2

Во сво­јот „Во­дич за во­ста­ни­ја“ Шарп ве­ли: „ре­жи­мот и ди­кта­то­рот не мо­жат да жи­ве­ат во изо­ла­ци­ја тие мо­ра да би­дат под­др­жа­ни од не­ко­ја стру­кту­ра – ар­ми­ја­та, по­ли­ци­ја­та, ре­ли­ги­ски­те ор­га­ни­за­ции. Во се­ко­ја зем­ја, еден од овие стол­бо­ви ќе би­де нај­ва­жен. Освој­те ја не­го­ва­та под­др­шка и има­те про­ме­на“.

Ту­ка е глав­на­та гре­шка на кре­а­то­ри­те на ма­ке­дон­ско­то сце­на­рио. Бу­квал­но сле­деј­ќи ги со­ве­ти­те на Шарп, стран­ски­те служ­би, За­ев и Со­ро­со­ви­те вој­ни­ци удри­ја на по­ли­ци­ја­та и на судс­тво­то. Но, не го зе­доа пред­вид фа­ктот де­ка упат­ство­то се од­не­су­ва за ди­кта­тор­ски ре­жи­ми во кој вла­сти­те ја не­ма­ат под­др­шка­та на на­ро­дот. Го за­не­ма­ри­ја нај­важ­ни­от столб во вла­де­е­ње­то на Гру­ев­ски, а тоа е на­ро­дот, од ка­де што и ја цр­пи си­ла­та во сво­е­то вла­де­е­ње. За­ев за да го ур­не овој столб, и за да ја освои под­др­шка­та на гра­ѓа­ни­те, по­треб­на му е или мно­гу се­ри­оз­на про­гра­ма или не­ка­ков ма­ги­чен при­рач­ник, кој до­се­га не е из­мис­лен во све­тот.

Го­ле­ма гре­шка на стран­ски­те кре­а­то­ри на сце­на­ри­о­то е и од­лу­ка­та да го „про­да­ва­ат“ ток­му За­ев ка­ко ал­тер­на­ти­ва на Гру­ев­ски кај гра­ѓа­ни­те. За­ев ни­ту има ка­па­ци­тет ни­ту кре­ди­би­ли­тет за да би­де ал­тер­на­ти­ва во ко­ја „уг­не­ту­ва­ни­от на­род“ ќе пре­поз­нае „спа­си­тел“.

analiza134-1-3

Џин Шарп

На по­греш­но кон­ци­пи­ра­ни­от план на стран­ски­те служ­би, За­ев и Со­ро­со­ви­те ме­ди­у­ми на­пра­ви­ја уште две го­ле­ми гре­шки, не зе­мај­ќи ги пред­вид ука­жу­ва­ња­та на Џин Шарп. Пр­ва­та гре­шка е што го при­фа­ти­ја на­сил­но­то сце­на­рио, спо­ред кое тре­ба да се ис­про­во­ци­ра су­ди­ри ме­ѓу гра­ѓа­ни­те за да се пре­диз­ви­ка де­ста­би­ли­за­ци­ја на зем­ја­та, што е ди­ја­ме­трал­но спро­тив­но на упат­ства­та на авто­рот на кни­га­та, кој пре­ду­пре­ду­ва де­ка е по­треб­но „да се изо­ли­ра­ат од дви­же­ње­то си­те тие што ко­ри­стат или за­го­ва­ра­ат на­силс­тво“. Ме­сто да го при­до­би­ва­ат на­ро­дот, со­ро­со­и­ди­те отво­ри­ја ди­ре­ктен фронт со си­те не­и­сто­мис­ле­ни­ци, отво­ре­но за­ка­ну­вај­ќи им се со од­маз­да штом се сме­ни вла­ста.

Вто­ра­та го­ле­ма гре­шка на За­ев е што не го про­а­на­ли­зи­рал де­лот од кни­га­та во кој авто­рот ука­жу­ва на „го­ле­ми проб­ле­ми во пот­пи­ра­ње­то на над­во­ре­шен спа­си­тел“ пред да се фа­ти на оро­то со стран­ски­те служ­би. До­вер­ба­та во стран­ци­те, спо­ред Шарп, мо­же да е це­лос­но по­греш­на, и за­тоа пре­по­ра­чу­ва да не им се ве­ру­ва. При­тоа, истак­ну­ва „го­ли фа­кти“ за пот­пи­ра­ње­то врз стран­ска ин­тер­вен­ци­ја:

  • Стран­ски­те др­жа­ви че­сто ќе то­ле­ри­ра­ат не­ко­ја ди­кта­ту­ра, па ду­ри и ќе ѝ по­мог­нат, со цел да ги уна­пре­дат сво­и­те еко­ном­ски или по­ли­тич­ки ин­те­ре­си. 
  • Исто та­ка, стран­ски­те др­жа­ви, ако има­ат дру­га цел, мо­же да са­ка­ат да го из­не­ве­рат уг­не­те­ни­от на­род, ме­сто да го одр­жат ве­ту­ва­ње­то да му по­мог­нат во не­го­во­то ос­ло­бо­ду­ва­ње. 
  • Не­кои стран­ски др­жа­ви ќе дејс­тву­ва­ат про­тив ди­кта­ту­ратa са­мо за да се здо­би­јат со еко­ном­ска, по­ли­тич­ка или во­е­на кон­тро­ла врз зем­ја­та. 
  • Стран­ски­те др­жа­ви мо­жат актив­но да се вклу­чат во ос­тва­ру­ва­ње­то по­зи­тив­ни це­ли са­мо ако и ко­га вна­треш­но­то дви­же­ње на от­по­рот ве­ќе поч­на­ло да ја раз­ни­шу­ва ди­кта­ту­ра­та и со тоа го прив­лек­ло вни­ма­ни­е­то на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца кон бру­тал­на­та при­ро­да на ре­жи­мот.

Не слу­чај­но Шарп во сво­ја­та кни­га, ко­ја Со­рос ја про­мо­ви­ра во си­те др­жа­ви во кои се оби­ду­ва да ин­ста­ли­ра свои ма­ри­о­нет­ски вла­сти, пре­по­ра­чу­ва чле­но­ви­те на от­по­рот да се пот­пи­ра­ат на сопс­тве­ни­те си­ли, и при­тоа ги „со­о­чу­ва со не­при­јат­на­та ви­сти­на“ де­ка „ос­ло­бо­ду­ва­ње­то најм­но­гу за­ви­си од нив­на­та спо­соб­ност са­ми да се ос­ло­бо­дат“.

 

(Пишува: Не­над Мир­чев­ски
(Текст објавен во 134. број на неделникот „Република“, 27.03.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top