| четврток, 6 декември 2018 |

Медиа мк: Заев одлепи, сега Господ нека му е на помош

zaev_pekol_thumb_medium500_281СДСМ одржа нов прес, со објавување незаконски стекнати монтирани телефонски снимки, сега и засилени со СМС пораки и фотографии, во кои Заев и СДСМ сакаат да докажат дека Сашо Мијалков, директорот на државната безбедност земал 500.000 плус 850.000 евра провизија од Израел за набавка на нивна опрема. По денешниот ден, само Господ може да му помогне на Заев, анализира Медиа.мк.
Не е никаква новост СДСМ да сака со незаконски средства и подземни комбинации да преземе власт без избори. Тоа се случувало повеќе пати како во 1992, па во 2000-та кога се обидоа да ја извлечат Демократска алтернатива на Тупурковски од коалиционата влада и да формираат ново парламентарно мнозинство, а патем истата година и Црвенковски објави афера со прислушување. иако поинаку од ова што сега го прави Заев.

Случајно, или не следната 2001 година имавме војна со Косоварите која ја загубивме.

И потоа, кога на Цревнковски му истече претседателскиот мандат тој во декември 2013 имаше обид за насилно преземање на власт преку обид за освојување на Собранието.

Сето тоа е веќе видено од СДСМ, и веруваме дека имаме уште една реприза.

Но, СДСМ и Зоран Заев сега отидоа далеку, во нивоа кои ниту еден балкански политичар, а најмалку Зоран Заев, може да ги контролира и да ги доврши без кастастрофален крај.

Во првата фаза, на првите десетина прес сесии, СДСМ објавуваше балкански фолколор во кој државата се бори против олигарси како Велија Рамковски или Фијат Цановски, или подмитени политичари како Љубе Бошковски.

Тоа се наши, домашни македонски работи кои почнуваат и треба да завршат, и имаат судска и политичка разрешница овде. Дали власта потоа паѓа, или останува е исто така наша, домашна работа. И, до ова ниво, СДСМ е учесник кој колку-толку знае што прави, иако е тоа незаконски, и се надева дека ќе најде доволно заинтерсирани за сеир разговорите на политичарите кои ќе поттикнат одбивност кон нив.

Но, Заев не разбира, или сака да се прави недоветен, дека на дипломатите им е јасно дека македонската полиција не прислушувала, па ни нив, и дека Заев прави ефтин трик за да ги вовлече во македонската политичка кал за свои партиски цели и потреби.

Меѓународниот скандал кој со ова го создаде Зеав сега е барање одговор на прашањето – бидејќи не е македонската полиција, кој е тој што ги прислушувал дипломатите, за кои цели, и кому се таков материјал е даден и продаден освен на СДСМ и Зоран Заев.

Вистинскиот проблем започнува со објавување телефонски разговори за користење кинески кредити за изградба на автопатите Куманово-Штип и Кичево-Охрид.

Разговорот помеѓу премиерот Груевски и неколку министри од владата за намалување на цената на кинеската понуда за изградба – СДСМ сакаше да го претстави како разговор за провизија од дури 25 милиони евра.
pr_2_thumb_medium500_229
Но, тоа што ќе поттикнат одбивност кон некои од нив никако не значи дека ќе им стане симпатични и прифатливи Заев и СДСМ кои примениле и незаконски и неморални методи за да се освои власта без избори. Таква власт подоцна ќе го применува тоа и врз сите нас.

Првата најава на сериозен меѓународен проблем кој нема врска со прашаето на Македонија и нашата власт беше кога СДСМ и Заев делеа ЦД-а со прислушувани разговори на 6 амбасадори, со кои сакаа да покажат дека државата и власта во Македонија ги прислушувале и затоа сега дипломатите треба да помогнат таа власт на Груевски да падне, а кога СДСМ ќе дојде, такви прислушувања нема да има.

Секој кој барем и малку се занимава со бизнис, или ја познава таа работа, знае дека никој во светов за провизии не разговара по телефон со пет луѓе, особено кога според СДСМ се работи за провизии од неверојатни 25 милиони евра.

Второ, Кинезите даваат кредит и со кредитот понуда тие да менаџираат изградба на автопатиштата. Парите не одат кај македонската страна за да располага со нив, туку трансферите остануваат во рамките на кинеските кредитори и менаџери.

Ако Заев имал толку многу телефонски разговори од министрите и премеирот, и ако тие биле кримогени, имал голем избор за да покаже дека земале пари за провизии, но тој одбрал да ја оспори и криминализира токму кинеската кредитна линија.

Изборот на странска држава, и тоа Кина, секако не е случаен. Тоа за Кинезите е сериозен удар врз авторитетот и угледот, бидејќи тие на Балканот инвестираат 10 милијарди долари такви кредити, а како заинтересирани корисници се јавуваат сите балкански држави.

Кој е тој што му пречат кинеските кредити на Балканот, па имал интерес преку аферата во Македонија да изврши компромитација на Кина, и кинеските кредити во регионот.

Уште тука Зоран Заев и СДСМ влегуваат во игра која ја надминува Макеоднија, и излегува од нашите граници и неговите компетенции и способности. Одработува за странци.

Дека е тоа систем кој Заев и СДСМ го избрале и го реализираат за некого надвор, а не само за себе, е доказ и денешната прес конефернција со која во оган се фрла нова држава – Израел.

Имено, Зоран Заев и СДСМ објавија телефонски разговори со кои се тврди дека Израел финансирал опрема за македонската полиција и специјалните единици, и дека Сашо Мијалков земал 500 плус 850 илјади евра провизија.

Не само што Кинезите се кримогени кои делат провизии со политичари на Балканот, туку сега и Израел е криминална држава.

Израел, со договор помеѓу нив и Македонија, преку нивното министерство за одбрана донирал 5,5 милиони евра за намената која е наведена. Овој договор, и постапката, кај двете држави има статус на врвна државна тајна. Таа наша, но и израелска државна тајна сега ја откри Зоран Заев и СДСМ на прес конференција нанесувајќи штета и опасносот не само на Македонија и македонската безбедност, туку и штета на Израел.

Дали е и ова случајно? Особено ако се знае дека лани есента, кога Заев на состанокот кај Груевски кажа дека има присфлушувани разговори, полицијата ангажаираше врвна израелска специајлизирана институција да ја провери состојбата со прислушување телефонски разговори во Македонија. Нивниот наод е поразителен за Зоран Заев.

Патем, Зоран Заев и СДСМ објавија траскрипти, слика и лични податоци за функционер на изрелското министерство за одбрана преку кој одела донацијата и контролата на набавките за потреби на полицијата.

Толку компромитација и откривање тајни документи, како и идентитети на овластени израелски воени лица… како што Заев и СДСМ направија денес е провокација кон Израел каква ни големи држави не си дозволуваат, и не простува никој. Особено не Израел.

Кога Заев би бил навистина при свест, би видел една од минатите снимки кои ги објави, во која разговараат министрите Ставревски и Јанкуловска, во која Ставревски се жали дека му требаат пари за исплата на обврски на министерсвото за внатрешни работи, и има 850.000 евра на сметка од донацијата, но Груевски не му давал да ги користи за исплата на редовните обврски.

Тоа се парите од израелската донација. Самиот Заев објавил дека тие пари се на сметка на министерството, а не на сметка на Сашо Мијалков. Но, Заев не е при себе, и не се ни потрудил да изврши синхронизација и координација на обајавените материајали со своите усмени тврдења и шпекулации.

Кога се донираат пари, особено од дражава како Израел која донирала воени пари, контролата над парите е израелска до последен цент. И нема провизии за донации. Не е тоа Велија Рамковски кој со помош на Сорос доби над два милиони долари американска донација наменета за телевизиска опрема, а ја потроши за купување батаци, па потоа Американците го тужеа и ги бараа парите преку суд.

Оваа сесија на Зоран Заев, со објавување државни тајни на Израел и Македонија дефинитивно и недвосмислено – не е само обид на Заев да урне власт бидејќи според неговите најави има многу други снимки кои би можел да ги короисти за тоа – ова е јасен удар врз македонската безбеност и македонските економски партнери во Кина, како и безбедносните партнери во Израел. Безбедноста на Македонија, по ова, е навистина сериозно загрозена.
Кој е непријател на Израел и израелските релации на Балканот кому треба оваа компромитација на израелската држава и војска… За кого одиграл Заев?!!
islamic_jihad_hamas_by_ashoura_-_Copy_1_thumb_medium500_283

Целата за што тоа го прави Заев, и за кого одработува да го урне македонскиот безбедносен систем, ќе ја видиме скоро. И ќе ја плаќаме скапо.

Израелски воени пари, израелски документи со стасус на државна тајна, податоци и слики од нивни воени функционери… не се играчка со коај Заев и СДСМ можат да се играат. Најпосле можат, ама тоа на крајот скапо се плаќа. Многу, многу скапо.

Следниот чекор на Заев е подигање на нозе локални муџахедини со конструкции и негови комбинации и изјави за случајот Смилковско езеро. Тоа е ново внесување странци и странски сили и идеологии во наишот двор, и неговата желба за власт по секоја цена.

По ова со Израелциве, и со најавата за муџахедини на скопските улици, само Господ може да му помогне за Зоран Заев.

Заев е веќе исплашен и влезен во параноја, спие на разни места и глуми прогонет човек кој патем ладно и непречено објавува туѓи телефонски разговори по свој сопствен избор. Последен од кого треба, ако воопшто треба да се плаши е Никола Груевски. Заев сега е во Божји раце, и рацете на луѓе надвор од Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top