Погледнете седум неверојатни, но реални приказни за жени кои навистина постојат.
Џулија Ганс страда од нарушување на кожата, наречена порфирија. Докторите ѝ нудат ограничена помош, но таа полека го покрива целото тело и лицето со тетоважи. Денес над 95% од нејзиното тело е покриено со тетоважи, кои се направени за период од пет години и чинат повеќе од 80.000 долари. Денес таа е во Гинисовата книга на рекорди, како најтетовирана жена во светот.
Менди Селерс уште по раѓањето се бори со нозете, кои не престануваат да растат. Нејзината состојба е позната како Протеусов синдром. Нозете ѝ се три пати поголеми од нормалните, секоја нога тежи околу 50 килограми. По серија компликации, едната нога на Манди е ампутирана. Потоа таа повторно расте.
Џиоти Амге е висока 60 сантиметри. Таа е родена со необичен тип нанизам, наречен ахондроплазија. И покрај нејзините димензии, пропорциите на нејзиното тело се совршено распределени. Таа е запишана во Гинисовата книга на рекорди како најмалата жена во светот.
Аша Мандела има 50 години и може да се пофали со најдолгите плетенки во светот. Нејзината коса е долга речиси шест метри. Зачудувачкиот подвиг на оваа жена е дека дури и при дијагноза рак и третман со хемотерапија таа успева да ја зачува својата коса.
Абигејл и Бритни се сијамски близначки кои делат исто тело, но имаат различни глави. Да, тоа е неверојатно, но уште позачудувачки е дека иако делат исто тело, тие не ги делат истите органи. Секоја од нив има стомак, срце, р’бетен столб и р’бетен мозок.
Микел Руфинели има убава насмевка, но таму не ја гледаат луѓето кога ќе ја видат. Таа е жената со најшироките колкови во светот. Нејзината состојба се нарекува липедема и се карактеризира со производство на прекумерно и брзо растечко масно ткиво. Микел се бори со оваа болест по раѓањето на своето прво дете.
Анета Флорцик е најсилната жена во светот. Полската атлетичарка го сруши рекордот во кревање тегови, крена над 269 кг. Таа победува на неколку натпревари, пред да биде запишана како рекордер во Гинисовата книга на рекорди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.