| четврток, 6 декември 2018 |

Првата група туристи од Данска допатуваа во Охрид

turisti-ohrid

На традиционален начин – со погача, локум, ѓомлезе и со ракија, синоќа беа пречекани првите туристи од Данска, кои преку аранжмани на агенцијата „Вис пој“ од Охрид и оваа година ќе одмораат во Македонија.

Според изјавите на првите гости од Данска, тие за Македонија и за Охрид дознале преку интернет, и решиле да одмораат тука, пред сè поради убавата природа, културно-историските споменици, но и традиционалната македонска храна и македонските вина.

Претставниците на туристичката агенција „Вис пој“ појаснуваат дека веќе трета година реализираат туристички аранжмани со дански туристи во Македонија.

– Минатата година остваривме околу три илјади ноќевања на дански туристи, а оваа година очекуваме да оствариме околу пет илјади. Групите дански туристи во Охрид ќе престојуваат во април, мај и во јуни, а другите во септември и во октомври, што значи продолжување на туристичката сезона надвор од вообичаениот шпиц во летните месеци – изјави Јаким Маленко од туристичката агенција „Вис пој“.

Првата група дански туристи во Македонија ќе престојува 22 дена, во чиишто рамки е предвидено да реализираат дваесетина екскурзии низ земјата, а меѓу другото да ги посетат уште и Битола, Струга, Вевчани, како и некои албански градови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top