| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Се работи за набавка на опрема за припадниците на специјалните единици, а не за опрема за следење комуникации

Zaev bomba 5 12 (Custom)

Четвртоосомничениот во аферата „Пуч“ со последната прес-конференција ги потврдува сомненијата дека основната цел на агентурната мрежа и на другите вклучени во случајот, е уривање на институциите и на безбедносниот систем на Република Македонија – смета помошник-министерот на МВР, Иво Котевски, кој посочи дека СДСМ очекуваат ослабување на капацитетите и отворање слободен простор за реализирање на нивните сценарија за уривање на слободната волја на граѓаните.

-Целата јавност, денеска беше сведок на обид за директно вмешување на официјални институции и пријателски служби од земји што во повеќе наврати ја докажале својата блискост со Република Македонија. За да не дозволиме јавноста да биде изманипулирана, сакаме да нагласиме дека тоа што денеска беше објавено претставува донација за опрема, не за следење на комуникации, туку опрема за припадниците на специјалните единици на Министерството за внатрешни работи – рече Котевски.

Додаде дека станува збор за помош што ја добило МВР во висина од 5.557.377 евра.

-Станува збор за повеќе од 5.5 милиони евра, туѓи пари, помош за поголема ефикасност на специјалните единици, а за сето ова постои и официјален Договор за донација, кој е класификуван со највисок степен како државна тајна.

Четвртоосомничениот во аферата „Пуч“,според МВР, со денешниот настап покажа дека е против поголема ефикасност и поголема лична безбедност на полициските специјалци.

Од Министерството за внатрешни работи јавно му се извинија на израелското Министерство за одбрана за, како што рекоа,  денешниот срамен настап на четвртоосомничениот,  и изразија уверување дека ставовите на вакви луѓе не се и официјални ставови на Република Македонија.

-Се надеваме дека блиските односи и соработката ќе продолжат и во иднина на највисоко ниво. Грѓаните на Република Македонија и Министерството се благодарни за донираната помош и се убедени дека ваквите испади нема да ги нарушат досегашните односи – посочи Котевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top