По објавувањето на денешната, 15-та бомба, лидерот на СДСМ, Зоран Заев го разбуди гневот кај дел од граѓаните. Врие на социјалните мрежи. Луѓето бараат да се запре со објавување на креирани разговори, кои во суштина не покажуваат и недокажуваат ништо. Велат, доволно беше димни бомби и петарди. Или нешто конкретно или доволно го замајуваа народот со празни муабети. Тие сметаат дека е време да се стави крај на сѐ. Со ова што го прави Заев, стои во коментарите, само се наштетува на Македонија и македонскиот народ. Го обвинуваат лидерот на опозицијата дека со своите постапки тој само покажува дека е најголем уништувач на државните и национални интереси.
-Заев е најголем шпион и уништувач на македонските државни и национални интереси.
-Малку му се на Заев обвиненијата што ги има, уште сака. Па 200 години нема да излезе од затвор.
Ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
-Ваков душман на сопствениот народ и држава досега не сум видела, ама на крај секој си го плаќа цехот…
-Заев докажа дека е против поголема ефикасност и поголема лична безбедност на полициските специјалци …
Коментираат корисниците на „фејсбук“.
Инаку СДСМ денеска на прес-конференција објави десет нови прислушувани телефонски разговори, транскрипти од смс пораки, како и копија од пасош и документ за влез и за излез од државата на, како што тврди претседателот на партијата Зоран Заев, израелски државјанин. Прислушуваните телефонски разговори и смс пораки, според Заев, се меѓу директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијаков, неговата соработничка Светлана Костовска и изразлескиот државјанин Хаим Хакеини и негов соработник. Заев тврди дека со прислушуваните разговори се докажува дека била земена провизија од неколку стотици илјади евра за набавка на опрема за прислушување за потребите на УБК во 2011 година. Опремата била набавена од Израел. Претходно, според него, опрема за прислушување била набавена и во 2008 година. За ваква опрема биле потрошени 14 милиони евра. Корупцискиот скандал, според Заев, не ја засега само Македонија туку и регионот пошироко.
МВР реагираше. Велат тоа што денеска беше објавено претставува донација за опрема, не за следење на комуникации, туку опрема за припадниците на специјалните единици на Министерството за внатрешни работи.
-Станува збор за помош која ја доби МВР во висина од 5.557.377 евра. Станува збор за над 5.5 милиони евра, туѓи пари, помош за поголема ефикасност на специјалните единици. За сето ова постои и официјален Договор за донација кој е класифициран со највисок степен како државна тајна. Четвртоосомничениот во аферата „Пуч“, со денешниот настап покажа дека е против поголема ефикасност и поголема лична безбедност на полициските специјалци – посочија од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст







