На 95-годишна возраст почина сопранот Фанка Икономова, уметник од првата генерација и еден од основоположниците на Македонската oпера и балет.
Во својата долгогодишна кариера, Фанка Икономова одигра многу рољи. За неа не беше важно дали е тоа главна, епизодна или споредна улога, таа со ист жар и ентузијазам, на сите им пристапуваше подеднакво.
Тоа го покажува и списокот на некои од одиграните улоги: Адела („Лилјакот“), Анжелика, Бјонда („Грабнување од сарајот“), Втора вештица („Дидона и Енеј“), Глас во обредот („Дон Карлос“), Госпоѓа Гобино („Медиум“), Деспина („Така прават сите“), Ѓула („Еро од оној свет“), Евридика („Орфеј и Евридика“), Елена („Никола Шубиќ Зрински“), Елизета („Таен брак“), Есмералда („Продадена невеста“), Луиза („Свршувачка во манастир“), Магда („Пајажина“), Марселина („Фиделио“), Мизета („Боеми“), Микаела („Кармен“), Мис Ивлин („Мала Флорами“), Мица („Аналфабет“), Неда („Палјачи“), Памина и Папагена („Волшебната флејта“), Фраскита („Кармен“), Цвеќарка („Фауст“), Џанета („Љубовен напиток“), Џулиет („Овчарчето Сејм“), Џулиета („Хофманови приказни“) и др.
– Фанка Икономова ќе остане запаметена и како коректен соработник и колега. Колегите од Македонската Опера и Балет остануваат трајно благодарни за љубовта и ентузијазмот што ја красеше таа прва генерација оперски уметници, се вели во соопштнието од МОБ.
Погребот на Фанка Икономова ќе биде извршен во четврток на 02 април 2015 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



