
Средношколци организирани од Средношколскиот пленум денеска протестираа против, како што велат, лошите реформи во средното образование.
Протестот го започнаа пред Собранието по што се упатија кон Владата, а потоа пред Министерството за образование и наука.
Тие го негираат постоењето на Унијата на средношколци чии претставници вчера во Министерството за образование и наука договорија математиката да не биде задолжителен за сите ученици во средните училишта, туку само за оние кои се запишани во гимназиско образование и кои на крајот од втората, односно почеток на третата година од средното образование, го одбрале природно – математичкото подрачје.
Средношколците велат дека нивните барања не се исполнети во целост. Покрај укинување на математиката како задолжителен предмет во државната матура, тие бараат да се врати стариот концепт за полагање државна матура, односно да се отфрли електронското тестирање кое според нив е нефункционално и Законот за екстерно тестирање да биде ставен во мирување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


