Лидерот на Српската радикална странка (СРС) Војислав Шешељ го запали знамето на Хрвтска пред Палатата на правдата, каде што треба да продолжи судењето на Немања Шаровиќ, заменик-претседател на СРС.
– Им упатувам порака на хрватската усташка држава – изјави Шешељ и го запали знамето пред новинарите пред кои давал изјава.
На платото пред Палатата на правдата биле присутни и многу поддржувачи на СРС.
Шешељ на новинарите им соопшти дека на судењето на Шаровиќ ќе сведочи дека тој дал налог да се запалат знамињата и дека тие морале да постапат по тој налог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



