Во галеријата „Остен“ по повод Светскиот ден на шегата, денеска ќе биде отворена изложба „Панаѓур на суетата“ на карикатуристите Ала и Чавдар Георгиеви од Бугарија.
Ала и Чавдар Георгиеви заедно работат од 1982 година, носители се на повеќе од 30 национални и меѓународни награди. Реализирале пет самостојни изложби, објавиле авторска книга со сатирични цртежи насловена „Изгонети од рајот” и се автори на над 60 корици на книги.
Нивни творби се наоѓаат во Музејот на карикатурата во Базел, публикувани се во бугарскиот периодичен печат, како и во САД, Германија, Полска, Русија, Иран… Соработници се на списанието „Economist“ и „Intelligent Life“, а работат на секојдневна карикатура во весникот „Новинар”. Соосновачи се на Здружението „Cartoon art“ и на онлајн-медиумот „Fras Control“. Живеат и работат во Софија.
Изложбата ќе ја отвори Димитар Христов, директор на Центарот за култура и информации на Бугарија во Македонија, со чија соработка „Остен“ го организира настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.