| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре претседателот Иванов во официјална посета на Албанија

иванов

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Албанија.

Претседателот Иванов во Тирана ќе има средби со својот албански колега Бујар Нишани, албанкиот премиер Еди Рама и со претседателот на Собранието на Република Албанија Илир Мета.

Во рамки на официјалната посета на Република Албанија, претседателот Иванов ќе се сретне и со градоначалникот на Тирана Љуљзим Баша.

Во петок, претседателот Иванов ќе ја посети Општина Пустец, каде што ќе се сретне со претставници на локалната македонска заедница.

Во делегацијата што ќе го придружува претседателот Иванов за време на официјалната посета на Република Албанија, е и министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top