Прашањето за името сега е е влезено во поинаква фаза, пишуваат грчките медиуми пренесувајќи го интервјуто на претседателот Ѓорѓе Иванов за телевизија Сител. Повеќето наслови во Грција истакнуваат дека „Иванов имал пофални зборови за Сириза“.
– Прашањето за името со Грција, на некој начин, е влезено во поинаква фаза. Имаме нова реалност. Прв пат на политичка сцена во Грција имаме политичари кои не се обременети со наследството од Студената војна и особено од Граѓанската војна во Грција. Се менува парадигмата. И тие и ние стануваме свесни која штета ја трпиме од овој спор. И стануваат свесни одредени субјекти со кои имаме контакти дека и ние и Грција сме влезени во туѓа игра и дека штетите ги трпиме ние. Со тек на време некој ја создал претставата дека е наша игра. Не. Напротив. И Грција и ние сме вовлечени во една туѓа игра, во која што интересите ги имаат другите, а ние ја имаме само штетата – ја пренесуваат грчките медиуми изјавата на Иванов.
Грчките медиуми истакнуваат и дека македонскиот претседател рече оти проблемот со името и наштетува и на угледот на Грција.
– Така што оваа млада гарнитура, без разлика колку ќе опстои ги отвора и другите прашања на проблемот со името со кое ќе се соочуваме ние, и граѓаните и бизнисмените и сите оние кои до сега трпат само штета. Нема никаква корист. И тоа е штета и за нас, но и за самата Грција, по угледот, угледот што и е нарушен по однос на сите овие случувања во однос на името. Така што верувам дека ќе има поинаков тек и нема да робуваме на сето она што до сега беше поврзано со проблемот со името – рече Иванов, чие интервју речиси без коментар се пренесува во Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката