Целосно е нормализиран сообраќајот на патниот правец Удово-Валандово, поточно кај село Јосифово на местото викано „Калковска Река”, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Оттаму прецизираат дека патниот правец е целосно расчистен и оспособен за сообраќај за сите видови моторни возила.
Утринава поради надоаѓање на поголема количина на вода од Калковска Река, сообраќајот на патниот правец Удово-Валандово се одвиваше по една сообраќајна лента.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.