Истанбулската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растури демонстрантите, кои сноќа протестираа заради акцијата на безбедносните сили против грабнувачите на турскиот обвинител Мехмет Селим Кираз, соопшти електронското издание на турскиот весник „Радикал“.
Заложничката драма, почна вчера попладне во судот во Истанбул, а заврши доцна синоќа кога двајцата грабнувачи на обвинителот Кираз (членови на екстремно левичарската група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување – ДХКП-С) беа елиминирани во операцијата на специјалните сили. Малку подоцна и обвинителот Кираз почина од здобиените прострелни рани, уште пред и да пристигне до болница.
Кираз беше обвинител во предметот за убиството на тинејџерот Беркин Елван, во протестите за паркот Гези во 2013 година.
По преземањето на операцијата на безбедносните сили, во истанбулските квартови Гази и Окмејдана доцна синоќа беа организирани протести. Демонстрантите фрлаа Молотови коктели и камења врз силите на редот.
Протест беше организиран и пред зградата за судска медицина во Истанбул, каде беа однесени телата на двајцата терористи Шафак Јајла и Бахтијар Догрујол, информира турската телевизија НТВ.
Полицијата приведе две жени, кои скандирале „Луѓето кои ја сакаат правдата за Беркин, се бесмртни“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст