Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, изјави дека НАТО не присилува ниту една земја, па ниту Србија, да му се приклучи на воениот сојуз и дека е задоволен од досегашната воена соработка со Србија.
-Ја почитувам одлуката на Србија (да не влегува во НАТО), рече Столтенберг во интервју за „Гласот на Америка“ и додаде дека досегашната партнерска соработка се покажала како многу добра.
Генералниот секретар во интервјуто истакнува дека ниту една членка на НАТО во историјата на оваа организација со сила не влегла во Алијансата и дека секоја земја сама одлучува за тоа кој ќе и биде сојузник.
Одговарајќи на прашање за растечкото влијание на Русија на Западниот Балкан, Столтенберг забележа дека станува збор за многу шаренолик регион, во кој некои земји веќе се членки на НАТО, додека другите, како Србија, имаат партнерски однос.
Во текот на разговорот за „Гласот на Америка“ тој се потсети дека како син на норвешки дипломат дел од детството минал во Белград и дека тоа му останало во пријатни спомени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст