Сите тела на жртвите од авионот на компанијата „Џерманвингс“, кој се урна во француските Алпи, се однесени од местото на несреќата, соопштија локалните власти.
-Нема веќе ниту едно тело на местото на несреќата. Екипа од 20 планинари со другите екипи ги однесоа личните предмети на настраданите – рече генерал-полковник Жан-Марк Меникини, додавајќи дека сѐ уште се трага по втората црна кутија.
Планирано е истрагата на местото на падот да заврши до 8 април, по што цивилен тим, што го формира „Луфтханза“, ќе го исчисти местото на падот на авионот.
Пред една недела авион на компанијата „Џерманвингс“ падна во француските Алпи, а во несреќата загинаа сите 150 лица кои се наоѓаа во леталото.
Вината за трагедијата му се припишува на копилотот Андреас Лубиц, за кого има сомненние дека намерно го урнал авионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



