| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на загинатиот пешак

Идентификуван е пешакот кој почина на лице место откако во него вечерва удри мотоцикл на кој се возеле две лица.

Според информациите на „Курир“, се работи за 79- годишниот Бошко С., кој на лице место им подлегнал на повредите. Со мотоциклот управувал 18-годишниот Е.Б., кој е пренесен во Ургентниот центар, додека совозачот М.У. е пренесен во Градската болница. И двајцата се полесно повредени.

Според СВР Скопје несреќата се случила околу 20 часот на булеварот „Кочо Рацин“ кај Олимпискиот базен во Центар.

Неколку очевидци за „Република“ раскажуваат дека се се случило во неколку секунди. Мотоциклот неколкупати се обидел да ги премине возилата, а кога конечно успеал се удрил во дедото, кој во моментот ја преминувал улицата на место каде што нема зебра.

Мотоциклот се виванал во воздух, едниот од патниците веднаш паднал, а другиот заедно со возилото паднал неколку метри понатаму.

Брзата помош веднаш интервенирала, но за Бошко било предоцна.

Полицијата и јавен обвинител извршија увид на местото и причините и деталите за несреќата ќе бидат сооптшени утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top