| четврток, 6 декември 2018 |

Покрај загинатиот пешак, повредени се и две лица во сообраќајката кај Олимписки

31032015202847_11116169_10205462300029652_159962106_n

Фото: Утрински весник

Пешак почина на лице место откако во него удри мотоцикл на кој се возеле две лица. Несреќата се случи пред околу еден час на булеварот „Кочо Рацин“ кај Олимпискиот базен во Центар. Возачот и совозачот се повредени и едниот е пренесен во Ургентинот центар, а другиот во Градската болница.

Од СВР Скопје за „Република“ велат дека увидот на полицијата и на јавниот обвинител се уште се во тек и засега нема информации за идентитетот на жртвата, ниту пак за степенот на повреди на двете лица од  мотоциклот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top