| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска ќе го регулира препишувањето на новинарски текстови

Препишувањето на текстови што последниве неколку години зема замав меѓу новинарите, бележи poslovni.hr, конечно ќе почне да се регулира. Барем во Хрватска. Планот на Друштвото за заштита на новинарските авторски права (DZNAP) е да се пребаруваат новинарските текстови, авторите да се заштитат, а препишувачите да бидат парично казнети.

-Ценовникот за препишување наскоро ќе го добиеме. Сите оние кои користат новинарски прилози од други медиуми во иднина ќе треба да ни плаќаат надомест, но и тогаш ќе може да превземаат само онолку текст колку им дозволува Законот за авторски права, најавил Ивица Грчар, претседател на DZNAP.

За таа цел Media Net, компанија специјализирана за анализа на медиумски содржини и ангажирана од DZNAP, развила програма за препознавање на исти и слични текстови. Со пребарувањето прво се елиминираат слични текстови од ист автор, а потоа се трага по препишувачи.

„Според наше искуство, неделно има од 10 до 15 случаи кога е очигледно дека се препишувало, зашто текстовите се идентични од збор до збор, а изворот не е наведен. За уште 50-тина случаи постои сомнеж“, изјавил Хрвое Прпиќ, аналитичар од Media Net.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top