Новото време наметнува и потреба за надоградување на овој бонтон на јадење во друштво, првенствено поради секојдневното присуство на технологијата во нашите животи.
Испровоциран од манирите на масата на неговите војници, управникот на третата британска воена дивизија, генерал-мајор Џејмс Кован, до сите нив испрати водич за однесување за време на вечерата, кој набрзо се најде и во повеќето тамошни медиуми и кој претставува основа на новите правила за почит на масата, јадењето и друштвото со кое ги делите.
Од неговиот правилник од неколку страни, ги одделивме оние правила кои во денешно време ретко кој ги практикува, а се поврзани со користењето на мобилните телефони, таблетите и сличните нови технологии.
1. Не, нема место за мобилниот телефон на масата, тој останува во џебот или чантата или евентуално во скутот, во случај да очекувате важен повик кој не може да биде одложен до крајот на вечерата.
2. Следствено, апсолутно неприфатливо е зборувањето на телефон додека сте на маса. Ако веќе не можете да го одложите тој повик, извинете се и повикот завршете го во лобито. Сепак, ова не треба да е навика и да се случува повеќе од еднаш во текот на вечерта.
3. Храната е за јадење, а не за твитање. Спротивно на трендот, фотографирањето и споделувањето на вашето јадење се смета за некултура.
4. Користењето на било кој гаџет за време на вечерата, исто така се смета за некултурно однесување. Фејсбук, Твитер и Инстаграм може да почекаат.
5. Покажување на фотографија или порака од телефонот на само еден од присутните на масата е еднакво неприфатливо како шепотење во друштво.
6. Освен во случај кога друштвеното собирање е со цел на гледање на натпревар, концерт или слично, апсолутно е неприфатливо да се напушти масата за да се провери резултатот на натпреварот и гледањето на телевизија среде разговор.
Генералот Кован, во овие правила го вметнува и можеби најинтересното однесување од сите. Според него:
7. Неприфатливо е да се открива крајот или дејствието на некоја серија, филм, натпревар и слично на некој кој сеуште не го гледал и кој не сака на овој начин да му откриете. Со ова, вие само би му го уништиле задоволството. На овој начин, само се фалите дека сте го погледнале пред другите, што во суштина е крајно непристојно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


