За осуммина бугарски државјани е подигнато обвинение поради поддршка на Исламска држава, пропагирање екстремистичка верска идеологија и поттикнување војна.
Шестмина се приведени во полициски акции во Пазарџик, Пловидв и во Асеновград, а за двајца се издадени налози за апсење и е подигнато обвинение во отсуство.
Во ноември еден имам во Бугарија и уште шестмина други беа осудени поради поддржување на ИД. Апсењата се дел од поширока истрага што почна лани во џамија во Пазарџик, чијшто имам, исто така, е обвинет за пропагирање радикална идеологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.