Десното крило на македонската ракометна репрезентација и поранешен играч на Металург, Гоце Георгиевски, денеска ја имаше својата официјална промоција во новиот клуб, францускиот тим Тулуз.
Тој по потпишувањето на договорот се сликаше со новиот дрес на кој стои истиот број кој го носеше во Металург, „деветката“.
во тимот на Тулуз пристигнува на местото на Пјерик Шел, кој се повреди за време на завршниот турнир од Лига-купот на Франција.
Дебито на Георгиевски во силната фарнцуска лига се очекува да биде во рамките од 20.коло кого Тулуз гостува кај Данкерк.
Популарниот Џомба потпиша двомесечен договор односно до крајот на оваа сезона со можност за продолжување.
Тој е последниот ракометар од златната генерација на Металург што најде клуб каде ќе ја продолжи кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент