| четврток, 6 декември 2018 |

Истекува рокот за откуп на општествени станови

станпови

Денеска истекува рокот за откуп на општествените станови. Досега, информират од Министерството за транспорт и врски, се поднесени 796 барања за откуп, 188 за пренос и 28 барања за закуп на становите.  Практично значи дека околу 60 до 70 отсто од корисниците поднеле барања за регулирање на нивниот статус како сопственици или закупци на станбениот простор. Најголем е интересот кај граѓаните кои правото на користење го добиле во деведесеттите години, 95 отсто од нив аплицирале. Помал е одзивот на оние кои становите ги користат на основа на ниски примања од 2006 година. Поголем дел од лицата со ниски примања во меѓувреме преминале во лица корисници на постојана  парична помош и за нив државата ќе ги покрива трошоците за закуп.

Корисниците на становите кои нема да достават барање ќе ја загубат можноста за сопственост, односно по автоматизам ќе добијат решенија за закуп.

Според Законот за домување, што стапи во сила на 7 јануари годинава, граѓаните до денеска треба да достават само барање, а целата останата документација ќе им биде средена по службена должност.

Висината на закупнината се определува во зависност од примањата на семејството што го користи станот, а за социјалноранливите категории, корисници на социјална помош, ќе нема закупнина.

Нерегулираниот статус на становите што се користат бесправно, по основ на сопственост или закуп, според плановите на Министерството за транспорт, треба да се реши до септември годинава.

Во земјата има околу 2500 општествени станови. Околу 950 се дивовселени.

Барања се поднесуваат до АД За стопанисување со станбен и деловен простор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top