Неодамнешните поплави во Пелагонија најголема штета предизвикаа врз површините со пченка и со пченица, но и на други земјоделски култури, оцени Општинската комисија за увид. Комисијата изврши преглед на 593 поединечни парцели кои ги пријавија 273 лица од 20 битолски села чиишто земјоделски површини беа во голем процент или во целост поплавени.
За отстранување на последиците од штетите во Битолско, Советот на општината побара 37.213.744 денари финансиска помош од Владата.
– Поднесени беа барања за процена на 593 парцели, 228 со пченка, 194 со пченица, 35 со јачмен, три со тритикале, две со сончоглед, 102 со луцерка, 18 со сточен грашок, три со овоштарници и осум со градинарски култури, спанаќ, цвекло и салати или вкупно – изјави Димче Јошевски, претседател на експертската комисија.
Комисијата изврши процена и во куќи кои чуваат сено и слама.
– Карактеристично за сите баратели на помош е што ниту еден не го осигурал својот имот. Соработката со секое семејство беше на соодветно ниво и успеавме целиот процес да го завршиме во период од 18 дена. Комисијата доследно ја спроведуваше методологијата за процена на штети од елементарни и други непогоди и цени дека со успех ја заврши работата – нагласи Јошевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прилепските земјоделци на протест: Домашната пченица скапува по амбарите, а државата откупува српска (видео)
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Две години од поплавите во Скопско во кои загинаа 22 лица
-
Од невидени поплави до топлотен бран – најмалку 6 починати во Јапонија