| четврток, 6 декември 2018 |

Одложувањето на обврските значи и поголем ризик од појава на болести на срцето

kolegi na rabota

Најново истражување покажало дека луѓето кои го одложуваат исполнувањето на обврските имаат многу поголем ризик од појава на кардиоваскуларни болести.

Во рамки на истражувањето испитувана е група на здрави лица, како и група на заболени лица од срцеви болести. Резултатите покажале дека луѓето со срцеви заболувања значително повеќе го одложуваат исполнувањето на обврските.

Тимоти Пичил, професор на еден канадски универзитет, смета дека причината за оваа поврзаност најверојатно лежи во тоа што оние лица што имаат потреба да ги одложуваат обврските најчесто го одложуваат земањето на терапијата за лекување на болеста.

– Одолговлекувањето, што е особина на личноста која се одликува со одложување или избегнување на исполнувањето на обврските, може да предизвика зголемен стрес што сериозно би го загрозило здравјето – смета Пичил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top