Дали Бубо Каров протестира за повторно да земе милиони од МРТВ – запраша порталот Нетпрес, по јавните настапи на Каров пред зградата на Македонската Радио Телевизија. Бубо протестира против телевизијата, пишува порталот, од која неговата продукција за период од две години, земала околу 2 милиони евра, народни пари.

Во договорот помеѓу МРТ и к-15, кој го објави Нетпрес, потпишан од двајцата партнери на Бубо, стои дека за една епизода на к-15 продукцијата заработувала три 3300, плус 5000 евра за права за емитување. Односно за една година Цацко и другарите заработиле околу 600,000 евра.
К-15 на МРТ се емитуваше 2 години, што би значело 1,2 милиони евра. Хумористите од К-15 додатно си наплатиле и 600,000 евра камата. Што значи, Бубо и останатите од К-15 од парите кои македонските граѓаниги плаќаат за Радиодифузна такса зеле околу 2 милиони евра. Продуцентите кои работат во ТВ бизнисот не паметат некој друг во овој бизнис да заработил толку пари за две години. Според нив, настапите на Каров пред МРТ значат само едно – потрага по нова финансиска полза!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


