| четврток, 6 декември 2018 |

Утре потопло време, среда посвежа од вторник

prolet_vrnezi_25

Во работната недела која е пред нас повторно нема да имаме „еднозначно“ време. Повторно некаде кон средината на неделата се очекува температурна промена, но и мала промена во метео условите.  Според Метеопро динамиката на атмосферата ќе биде далеку поголема на северната половина од Балкан, каде планините очекуваат и нов снег околу средината на неделата.

Утре не очекува потопло време . Овој, последен мартовски ден, ќе започне со умерена облачност рано наутро која не е исклучено да донесе сосема слаб локален дожд, но веќе до пладне може да се очекува речиси целосно разведрување и сончево време. Во текот на денот ќе биде релативно топло. Максималната температура низ котлините речиси секаде ќе има вредност над 15°С, а долж Повардарие таа ќе има вредност во границите помеѓу 16°С и 19°С.

Утрото во среда ќе биде посвежо во однос на вторник. Овој ден ќе помине со умерена облачност и сончеви периоди, но не се исклучува можноста локално во северната половина од земјата на кратко да заврне слаб дожд. Меѓу другото, овој ден ќе биде и малку ветровит. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Четврток ќе го продолжи трендот на пад на температурата. Во однос на среда максималната температура овој ден ќе биде за околу 2°С пониска. Денот ќе донесе умерена облачност, но со сончеви периодо. Условите за дожд ќе бидат минимални.

Петок ќе започне со релативно свежо утро. Денот ќе биде за околу 2°С потопол во однос на четврток. Се очекуваат подолги сончеви периоди и мала до умерена облачност.

Подетално на Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top