| четврток, 6 декември 2018 |

Колумбијците веруваат дека „Ликот на Исус“ се појавил на рид

isus-na-odronu-pritnskrin-1427373840-629419

Колумбијците веруваат дека „Ликот на Исус” се појави во саботата на рид покрај Путомајо. Голем број верници почнаа да доаѓаат сами да го видат чудото, а присутна е и полицијата за да се спречат инциденти.

-Ако верувате во Исус, ќе ја видите неговата слика, вели Ксимен Розеро Аранго. Фотографија со ликот на Исус на ридот стана популарна на социјалните мрежи, но не се сите импресионирани од ова чудо.

Инаку меѓу посетителите на ова, како што велат, колумбиско чудо, се најдоа, освен верници и оние кои во тоа видоа голема заработка. Локалните сопственици почнаа да им наплаќаат влез на верниците.

До сега ликот на Исус се појавуваше на различни предмети, на ѕидови, на храна, на дрва и на долна облека. Така во 2012 година се појави на ѕидот од куќата во Северен Јоркшир во Велика Британија. Медицинската сестра Алекс Котон го пронајде ликот на Исус во одводот од својата куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top