| четврток, 6 декември 2018 |

Референдум за изгледот на ГТЦ

gtc barok
Граѓаните ќе одлучат за изгледот на Градскиот трговски центар во Скопје, на референдум кој општината Центар ќе го спроведе на 26 април. Одлуката ја донесе Советот на Општина Центар со 12 гласа „за“ и 11 воздржани. За референдум гласаа советниците од СДСМ и коалицијата, додека опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, беше воздржана.

Прашањето на кое граѓаните ќе треба да дадат одговор ќе гласи: „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на ГТЦ?“. На седницата на Советот на општина Центар присуствуваа претставници на 17 невладини организации, на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, како и заинтересирани граѓани. По жестоката и бурна дискусија, се гласаше, а веднаш по гласањето беше побарано советниците поединечно да се изјаснат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top