| четврток, 6 декември 2018 |

Лубиц одел на психијатар поради самоубиствени склоности пред да ја добие пилотската лиценца

andreasLubic
Копилотот за кој се верува дека го урнал авион на Џерманвингс, Андреас Лубиц одел на психотерапија поради самоубиствени склоности, неколку години пред да ја добие пилотската лиценца, изјавија денеска германски обвинители.

Во следните години, се до неодамна, имал редовнипосети кај лекари и оквалификуван е како болен, но не покажувал ниту еден знак за склоност кон самоубиство или агресија спрема други. Тоа го изјави портпаролот на Обвинителството во Дизелдорф.

Наведено е дека не е пронајдено самоубиствено писмо или преземање одговорност при претресот во домот на 27-годишниот Лубиц и во домот на неговите родители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top