| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругата на петообвинетиот во случајот Пуч инкасирала 130.000 евра од СОРОС

puc
СОРОС го финансирал семејството на петтосомничениот во аферата Пуч, објави Сител повикувајќи се на полициски извори. Сопругата на Ѓорѓи Лазаревски во период од неколку години од невладината на Владимир Милчин инкасирала близу 130.000 евра.

Изворот на Сител открива дека сопругата на Лазаревски месечно примала суми меѓу 2 и 3 илјади евра. Иако била вработена во СОРОС на нејзината плата можат да и подзавидат и најголемиот дел од најплатените директори на банките во Македонија што остава простор за сомнеж околу тоа за каква функција и биле исплаќани овие суми на пари.

МВР уште при објавувањето на аферата Пуч излезе со информации дека на сметките на Лазаревски и неговото семесјтво била затекната сума од близу 200.000 евра. Зад нивните имиња стои и многу имот како луксузен стан во централното градско подрачје од 110 метри квадратни и неколку автомобили.

Веќе обвинетиот Ѕвонко Костовски, сам пред судот призна дека заедно со Лазаревски по налог на Верушевски а за потребите на Зоран Заев и странските служби,снимале телефонски разговори на високи функционери од власта.

Инаку СОРОС, кој ја плаќал сопругата на петтоосмничениот Лазаревски со години финансира антивладини активности со суми кои годишно надминуваат 5 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top