| четврток, 6 декември 2018 |

Приземјен турски авион поради закана за бомба

Turkish_airlines_boeingАвион на турската авиокомпанија “Туркиш ерлајнс“ на летот од Истамбул за Сао Паоло морал итно да слета на аеродромот во Казабланка, поради закана од бомба.

Паниката во авионот настанала откако била пронајдена порака на тоалетна хартија на која била напишано „бомба“.

-Пораката е пронајдена во тоалетот, а во моментот авионот е испратен на детален преглед, било соопштено од прес службата на „Туркиш ерлајнс“.

Според соопштението било наведено дека во авионот имало 256 патници.

Инаку, ова е втор инцидент во авион на турска авиокомпанија во изминатите неколку дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top